H2020 project 785005
TOWARD MARKET-BASED SKILLS
FOR SUSTAINABLE ENERGY EFFICIENT CONSTRUCTION –TRAINEE
Како дел од подпрограмата Енергетска ефикасност, во рамки на Европската програма Хоризонт 2020 во тек е реализацијата на Проектот Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – TRAINEE. Оваа иницијатива на Европската унија за градење на капацитетите и подобрување на вештините на градежните професионалци – архитекти, инженери како и работниците во градежниот сектор е со цел да ја подготви и нашата земја во делот на квалификација и преквалификација на градежните професионалци и работници, со цел да се постигнат параметрите на ЕУ Стратегијата 2020 за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во градежниот сектор.
Проектот Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – TRAINEE континуирано дејствува кон остварување на својата основна цел Создавање квалификувана работна сила во градежниот сектор, подготвена да се справи со предизвиците за одржливо енергетски ефикасно градење, промовирајќи го мултидисциплинарниот пристап, иновативноста и дигитализацијата во градењето, истовремено со иницирање зголемена пазарна вредност на бараните вештини. Сите активности за креирање на квалификуван кадар во рамките на проектот се интегрирани во Центарот за менаџирање на знаење и вештини, кој спроведува две различни квалификациски шеми што водат до сертифицирање на стекнатите вештини и знаење:
- неформални обуки според развиени програми за обука и
- постапка за препознавање на претходно учење стекнато преку неформално или информално образование.
Подржувајќи го процесот на доживотно учење како суштински процес при стекнувањето на квалификации, усовршување и професионален развој на секој поединец, Проектот Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – TRAINEE уште еднаш истапува пионерски во промовирањето на глобалните и европските трендови
и објавува
Повик за пријавување на кандидати
за валидирање на неформално и информално учење преку Препознавање на претходно знаење и вештини – ППЗВ
I. Предмет на повикот
Предмет на повикот е пријавување на кандидати кои поседуваат знаење и вештини стекнати со неформални обуки и/или работно искуство во градежни претпријатија. Повикот се однесува за следните занимања во градежниот сектор:
- Инсталатер на електрични инсталации со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност
- Инсталатер за греење, ладење и вентилација со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност
- Фасадер со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност
- Покривач на покриви со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност
- Столар со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност
- Инсталатер на сончеви термални колекторски системи
- Инженер со вештини за проектирање на сончеви термални колекторски системи
- Инсталатер на фотоволтаични системи
- Инженер со вештини за проектирање на фотоволтаични системи
Напомена:
- Еден кандидат може да се пријави за препознавање на знаење и вештини за едно или повеќе занимања од горе наведените со јасно назначување во пријавата
- Одборот за сертификација при Проектот TRAINEE одлучува за издавањето на сертификат за поседување на компетенции за соодветното занимање.
Кандидатите кои ќе се пријават за валидирање на неформално и информално учење преку Препознавање на претходно знаење и вештини немаат финансиски обврски. Целиот процес на Препознавање на претходно знаење и вештини во рамките на проектот е финансиран од Проектот TRAINEE.
II. Услови за пријавување
- Општи услови
Учесник во процесот на валидација може да биде лице кое има навршено најмалку 18 години. - Кандидатите треба да имаат завршено:
- средно образование, или
- постсредно образование, т.е. мајсторски испит со V-Б степен на квалификации или
- четиригодишно средно техничко образование со IV степен на квалификации или
- тригодишно средно стручно образование со III степен на квалификации;
- (само за инженерските занимања) најмалку VI степен на квалификации според НРК (дипломиран инженер од техничките факултети со најмалку 180 ЕКТС).
- Работно искуство:
- најмалку 3 (три) години во струката односно занимањето за кое се бара сертификат и поседуваат претходно знаење, вештини и компетенции од наведената област
Детални информации за процесот Препознавање на претходно знаење и вештини – ППЗВ со преглед на условите и критериумите за пријавување, како и целните групи за секое од занимањата е даден во документот Детални информации за процесот на Препознавање на претходно знаење и вештини – ППЗВ поставен на интернет страната на проектот http://trainee-mk.eu/.
III. Тек на процесот на препознавање на претходно знаење и вештини
Секој кандидат кој ќе оцени дека во претходното работно искуство и/или самостојното учење ги стекнал бараните знаења, вештини и компетенции навадени за некое од набројаните занимања (наведени како Резултати од учење објавени во Детални информации и Упатства за процесот на Препознавање на претходно знаење и вештини – ППЗВ на објавени на интернет страната на проектот http://trainee-mk.eu/) , може да се пријави на овој Повик.
Кандидатот поднесува ПРИЈАВЕН ЛИСТ за препознавање на претходното знаење и вештини за дадено занимање, заедно со докази за работно искуство и стекнати компетенции, како и потпишан ДОГОВОР за валидирање на неформално и информално учење преку Препознавање на претходно знаење и вештини – ППЗВ.
Поднесените апликации ги разгледува и оценува Комисија за проценка, составена од сертифицирани проценувачи (обучени во рамки на проектот). Во рамките на процесот на препознавање, доколку поднесените докази за компетентност се недовоолни, кандидатите може да бидат повикани на интервју и/или проверка на знаењата и вештините.
IV. Резултати/придобивки за кандидатите
- Вид на сертификатСо успешно завршување на постапката на Препознавање на претходно знаење и вештини, кандидатите ќе добијат валидирање на своето неформално и информално учење и ќе се стекнат со Сертификат за поседување на знаење, вештини и компетенции за определеното занимање.
- Важност на сертификатите:
- сертификатите ќе ги издава Сертификационото тело во рамките на проектот Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – TRAINEE
- сертификатите ќе имаат важност во рамки на самиот Проект, чии резултати се признаени од Европската Комисија, како проект финансисран од програмата Хоризонт 2020, поради што Сертификатите ќе бидат издадени на македонски и англиски јазик
- дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните.
- Стекнати компетенции
Сертифицираните кандидати, по добивањето сертификат, ќе можат да аплицираат на тендери каде се бара поседување на компетенции кои се содржани во сертификатот.
V.Постапка на пријавување
- Пријавувањето на кандидатите се врши на ЕДЕН од следните два начини:
- Електронско пријавување со пополнување на електронската форма за аплицирање поставена на интернет страната на проектот http://trainee-mk.eu/
Контакт лица за поднесување на пријави во електронска форма:
м-р Ивана Сандева, ivana@feit.ukim.edu.mk
д-р Лихнида Стојановска-Георгиевска, lihnida@feit.ukim.edu.mk - Доставување на документите во печатена форма во Архивата на Стопанската комора на Македонија, ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје.
Контакт лицe за поднесување на пријави во печатена форма:м-р Ивана Крстевска, соработник
Дирекција на здруженија и регионални комори
Стопанска комора на Македонија (кат 4)
Ул. Димитрие Чуповски 13, Скопје, Р. Македонија
Т. ( +389) 23 24 40 51
E. ivana@mchamber.mk
- Потребна документација:
- пополнет пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ (објавен на интернет страната на проектот http://trainee-mk.eu/);
- ДОГОВОР за валидирање на неформално и информално учење преку Препознавање на претходно знаење и вештини – ППЗВ (објавени на интернет страната на проектот http://trainee-mk.eu/);
- копија од диплома за завршено образование;
- сертификати од обуки во неформалното образование (институции и приватни установи што организираат обуки за ЕЕ);
- доказ за работно искуство во струката. Како доказ за работно искуство може да се приложи заверена референтна листа, потврда од работодавач за ангажманот на кандитатот со податоци за работната позиција и времетраењето.
- Повикот за пријавување е отворен до 28 фебруари 2020 година.