Акроним на проектот: BuildOffsiteEU
Проектот „Иновативност во градежништвото преку индустријата за модуларни градежни елементи“ (Off-site industry towards innovation in construction sector) е дел од програмата Еразмус + 2022, со Договор бр. 2022-1-ES01-KA220-VET-000087862, а ќе се имплементира во текот на 24 месеци во периодот 30.12.2022-29.12.2024.
Партнери во проектот се:
- FUNDACION LABORAL DE LA CONSTRUCCION, Spain
- Knowledge and skills management centre K&S Skopje, Macedonia
- Gospodarska Zbornica Slovenije, Slovenia
- Istituto per l’instruzione professionale dei lavoratori edili della provincia di Bologna, Italy
- Pedmede Somateio, Greece
BuildOffSiteEU се занимава со дизајнирање и развој на нови пристапи за обука со користење на иновативни алатки, кои имаат за цел премостување на јазот помеѓу вештините за традиционалните занимања и „новите занимања“ за индустријализирано градење. На тој начин проектот дејствува во насока на зачувување на животната средина и борба против климатските промени.
Центарот за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје е главен партнер задолжен за креирање на рамка за опфатот на професионалните вештини потребни за премин кон индуструјализирано градење, преку поврзување на вештините на традиционалните работници и оние кои се потребни при производство на модуларните градежни елементи, од што како основен производ ќе произлезе дигитална мапа на вештините за „новите занимања“ со идентификување на потребите од обучување и дообучување.
BuildOffsiteEU има за цел да ја подобри и прошири понудата за обука во стручното образование и обука за да ги задоволи потребите на пазарот на труд во градежната индустрија, идентификувајќи ги клучните компетенции кои треба да се ажурираат и/или да се зајакнат во областа на индустријализираното градење, со цел секторот успешно да се соочи со еколошките предизвици. Проектните резултати имаат за цел да таргетираат различни потреби: да ги систематизираат компетенциите што им се потребни на работниците за да ги подобрат своите професионални перформанси во областа на индустријализираното градење; да се направи разлика помеѓу различните системи на индустријализирано градење; вклучување на различните актери од секторот, во транзицијата од традиционално кон индустријализирано градење; да се идентификуваат „новите компетенции“ за да се олесни транзицијата на работната сила помеѓу двата модалитети; да се подобри имиџот на секторот; и да се промовира градежништвото како катализатор за вработливост и привлекување работна сила.
Зошто BuildOffsiteEU?
Градежниот сектор има директно влијание врз неколку од индикаторите кои влијаат на климатските промени и користењето енергија. Ова ја принудува индустријата да стане поефикасна и да се потпира на употребата на обновливи извори за да ги постигне целите за заштеда на климата и енергијата поставени од европските еколошки политики. Ова е единствена можност концептот на индустријализирано градење да се развие и да придонесе кон одржливо градење.
Индустристријализираното градење значително ја фаворизира заштедата на енергија и вода со користење на помалку материјали за производство на своите производи, со скратување на времето на градба (со последователни заштеди во побарувачката на енергија) и со приоритет на употребата на елементи направени од материјали со повисоки и подобри можности за рециклирање, што овозможува примената на принципите на циркуларна економија во текот на производниот циклус.
Цел на проектот: да се
дизајнира и развие нов патоказ за обуки со иновативни алатки насочени кон
премостување на јазот во вештините помеѓу традиционалните занимања и „новите
занимања“ поврзани со индустријализирано градење.
РП1. Проектен менаџмент
РП2. Анализа на различните системи за индустријализирано
градење
Овој работен пакет ќе обезбеди детална анализа на главните видови на системи за индустријализирано градење, детално опишувајќи ја
нивната врска со принципите и целите на циркуларна економија и
енергетската ефикасност. Како резултат, тој ќе резултира со Извештај за анализа
на системи за индустријализирано градење
РП3. Мапирање на професионални вештини
Целта на овој работен пакет е да
воспостави корелација помеѓу вештините што ги бара индустријализираниот пристап
на градба и вештините за традиционално градење. Главниот резултат на работниот пакет ќе биде
мапирање на „новите вештини“ и создавање на интерактивна мапа на вештини.
РП4. Дизајн на
патоказ за обуки
Овој работен
пакет ќе резултира со Анализа на понудата на обуки во секоја земја партнер,
вклучувајќи истражување на извори од литература и достапни датабази и
спроведување интервјуа со експерти и развој на заеднички патоказ за обука.
РП5. Изработка на
иновативни алатки
Во рамките на
овој работен пакет ќе се развијат соодветни технички решенија и дизајн на
структурата и содржината на е-алатките за поддршка на резултатите од
претходните работни пакети: Дигитални информативни листови, Интерактивна мапа
на вештини, интерактивна патека за обука; е-Водич за тренери.
- Проектен лифлет
-
Извештај за анализа на системи за индустријализирано градење (само на анг.)
Дигитален информатор за системи за индустријализирано градење
Билтен бр.1
Билтен бр.2
Билтен бр.3