Акроним на проектот: Building Matters
Проектот е во програмата Еразмус + 2022, со Договор бр. 2022-1-RO01-KA220-VET-000087398, а ќе се имплементира во текот на 24 месеци во периодот 01.10.2022-30.09.2024.
Во проектот се вклучени партнери од 6 земји и тоа:
- Federația Generală a Sindicatelor FAMILIA, România
- Pedmede Somateio, Greece
- Gospodarska Zbornica Slovenije, Slovenia
- Knowledge and skills management centre K&S Skopje, Macedonia
- Bildungszentren des Baugewerbes, Germany
- Istituto per l’instruzione professionale dei lavoratori edili della provincia di Bologna, Italy
- Pedmede Eco, Greece
Основната цел е справување со ризиците од климатските промени при транзицијата на градежниот сектор, преку градење на капацитети за користење на одржливи градежни материјали.
Центарот за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје е главен партнер задолжен за креирање на програма за обука како и развој на наставни материјали за одржливи градежни материјали, како и овозможување на дигитално учење преку платформа за е-учење.
- Засегнатите страни на екосистемот треба да ги преориентираат своите размислувања, активности, деловни модели и капацитети кон еколошки трендови.
- Да се создадат регионални, локални, национални и транснационални соработки на одржливи градежни материјали преку олеснување на трансферот на знаење, поголема соработка и заеднички активности помеѓу сите клучни чинители.
- Да се истражат одржливи решенија за градежни материјали како одговор на потребите за новите материјали и цените со кои се соочува секторот.
- Да се промовира прифаќањето на одржливи размислувања, однесувања и пристапи, за ублажување на ризиците од транзиција од климатските промени во градежниот сектор.
- Да се развијат активности за обука за да се изградат зелени компетенции за одржливо одлучување во градежните проекти и во имплементација на стратегии за материјали кои ги намалуваат емисиите на јаглерод во нивниот животен циклус, што ќе ја намали и побарувачката за енергија и емисиите.
- Да се помогне во модернизацијата на секторот на стручното образование на возрасни за да се приспособат на гореспоменатите трендови и потребите за зелени секторски компетенции кои произлегуваат од пазарот на трудот.
- Да се олесни пристапот до висококвалитетни можности за учење преку вклучување на виртуелни, дигитални и комбинирани можности за учење, поттикнување на споделување информации, меѓусебно учење и искуство едни од други.
- Да се овозможи peer to peer со вклучување на обезбедување на виртуелни, дигитални и комбинирани можности за учење, поттикнување на споделување информации, меѓусебно учење и искуство едни од други.
- Да се произведе нов модел на водење бизнис во градежниот екосистем преку негување на одржливи размислувања и овозможување ефикасно усвојување на одржливи алатки, пристапи и практики.
Проектот има за цел да го поддржи подигањето на свесноста кај клучните чинители за одржливи начини за ублажување на климатските промени и ризиците од транзиција во градежниот сектор. Проектот предвидува развој на вештини и компетенции во зелениот сектор и одржливи градежни материјали. Ова ќе се постигне преку воведување напредни и иновативни наставни програми и практики за учење кои се приспособени на потребите на учениците и овозможуваат одржлива промена на однесувањето во согласност со новиот европски пристап во градежништвото.
Да се подигне свесноста за потребата од клучни зелени вештини и компетенции, поврзани со користењето на градежни материјали и подобро подготвување на провајдерите на обуки да ја прилагодат својата понуда за обука и одговорат на промените потреби за вештини, зелената и дигиталната трансформација и економските циклуси.
Проектот ќе ги модернизира провајдерите на обуки преку интегрирање на барањата на зелените сектори и ќе промовира локални, национални и транснационални одржливи соработки за да се овозможи трансфер на знаење и заеднички акции.
- Building Matters flaer
- Building Matters brochure
- Транснационален извештај со препораки за попис на одржливи градежни материјали и нивниот потенцијал
- ПРИРАЧНИК за наставната програма за Одржливи градежни материјали
- Newsletter No. 1
- Newsletter No. 2