Придобивки од Препознавање на претходните знаења и вештини

Процесот на валидирање на неформалното и информалното учење има значаен придонес за кандидатите, за работодавците и испорачувачите на обуки (lear-ning providers), за економијата и за општеството во целина. Позитивните ефекти за секоја од наброените страни се наведени во продолжение.

Кандидати

Процесот на препознавање и валидирање на претходни знаења и вештини стекнати преку неформалното и информалното учење придонесува пред сè за личен развој на кандидатите, бидејќи тој претставува:

  • поддршка на саморефлексијата и самопризнание на сопствените достигнувања и со тоа ги зголемува самодовербата и самопочитта на кандидатот;
  • официјално признавање на достигнувањата на поединците и со тоа овозможува тие да го продолжат формалното учење и обука, или пак да имаат подобри можности за избор и напредување во кариерата.

Работодавци

Процесот на препознавање и валидирање на претходни знаења и вештини стекнати преку неформалното и информалното учење е бенефит и за работодавците и за професионалните тела, бидејќи:

  • го поедноставува изборот на стручен работен кадар;
  • помага да се идентификуваат недостатоците на вештини и да се најде ефикасно решение;
  • помага во планирање на развој на вработените;
  • обезбедува постојано следење на технолошките промени;
  • обезбедува работен кадар кој е добро обучен и квалификуван, а и повеќе посветен на работата.

Испорачувачи на обуки

Валидирањето на претходните знаења и вештини стекнати преку неформалното и информалното учење, односн…