Обновливите извори на енергија и употребата на обновливи извори на енергија (ОИЕ) се сметаат како дел од начините на глобалните реакции за енергетска ефикасност и позелен свет, што доведува до брзо зголемување на побарувачката за обучен кадар за системи за користење на обновлива енергија способен да проектираат, инсталираат и одржуваат такви системи. Постојат многу малку иницијативи за посистематски пристап за креирање на едукативни програми и развој на наставни планови за обука на инженери и инсталатери на ОИЕ системи во зградите. Ова особено се однесува на развивање на посебни стандарди на занимање, признати од националните рамки за квалификации, што ќе обезбеди формална валидација на развиените квалификации.
На Меѓународната конференција за технологии за зелена енергија ИЦГЕТ одржана од 16-18 јули 2019 година во Рим, Италија, TRAINEE проектот презентираше труд кој разработува модел за програма за обука за проектирање и инсталирање на мали системи за користење на обновливи извори на енергија во зградите. Овој модел се заснова на искуството од TRAINEE проектот, и реализираните пилот обуки за дизајнери и инсталатери на системи за ОИЕ во згради, кои се спроведени во рамките на Центарот за менаџирање на знаење и вештини, во јуни-јули 2019.