Building Information Modeling-BIM (Моделирање на информациите за градбата) е во центарот на дигиталната трансформација на градежниот сектор и процесот на гардење. Со цел да се поттикнат вистински чекори кон дигитализација на градежниот сектор, ТРАИНЕЕ води интензивна кампања со промотивни активности за Моделирање на информациите за градбата (БИМ).
Следејќи го вашиот голем интерес кој произлезе по првите промотивни настани за БИМ, кои се одржаа на 5 и 6 февруари, 2019 година, на тема: „Иницијатива за воведување иновации за одржливо, конкурентно и енергетски ефикасно градење“, ги најавуваме 3-тиот и 4-тиот промотивен БИМ настан, на тема: BIM проект – поглед одвнатре !!
За што се однесуваат овие работилници?
БИМ Моделирањето на информациите за градба е концепт кој е тренд во градежништвото кој подразбира генерирање и управување на дигиталната претстава на физичките и функционалните карактеристики на градбата. БИМ моделот ги содржи сите информации за градежната структур – нејзиниот дизајн, процесот на градење и оперативната фаза. Овој модел содржи илјадници складирани податоци поврзани со грабата, од најмалата навртка или завртка, до најголемиот бетонски столб во градбата.
Овие интерактивни работилници, придружени со реални студии на случај ќе ги запознаат учесниците со техниките за користење на информации за градбите со примена на БИМ моделот и кои се различните улоги на БИМ професионалците кои го користат истиот. Работилницата ќе биде можност да се погледне БИМ проектот одвнатре и на најдобар начин да се осознае видот и обемот на податоци што тој ги содржи, како и можностите што тој ги нуди.