Нова обука за Инсталатер на системи за енергија од обновливи извори – фотоволтаични системи, верификувана преку Центарот за образование на возрасни

Содржината на програмата за обука вклучува детален преглед на актулените познавања за системите за користење на енергија од обновливи извори на енергија, со опфаќање на актуелните материјали и техники за нивно инкорпорирање, монтирање и инсталирање, основи на проектирањето, планирање на правилно инсталирање и одржување на Фотоволтаични системи, елементи од теоретски основи на процесите, карактеристики на компонентите и на системите и нивно димензионирање, како и еколошките аспекти, а обезбедува и соодветно запознавање со европските стандарди, техниките за мерење на енергетските заштеди, како и постапки за заштита при работа.

Како резултат на програмата ќе се јават квалификувани инсталатери за монтирање и инсталирање на системи за енергија од обновливи извори на енергија поконкретно Фотоволтаични системи, со солидни вештини, знаења и способности потребни за новите занимања и познавање на работните процеси на оперативно ниво.

Програмата се состои од 6 модуларни единици кои овозможуваат запознавање со сите неопходни знаења и вештини за наведеното занимање.

Програмата за обука е со вкупно времетраење од 80 часа, од кои 28 часови се теоретска настава (35%), 48 часа се практична настава (60%) и 4 часа се предвидени за проверка на знаењето (5%).

Верификацијата истекува во март 15, 2025

линк