Проектниот тим на проектот ТРАИНЕЕ со задоволство го најавува почетокот на обуките за дизајн и инсталирање на сончеви колекторски и фотоволтаични системи.
Обуките се организирани од Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ, а ќе се реализираат во рамките на Центарот за менаџирање на знаење и вештини во периодот од 17-ти јуни 2019 до 2 јули 2019. Подетални информации за распоредот на часовите во текот на обуките ќе бидат споделени на воведното предавање за време на Официјалното отпочнување на обуките што ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија на 17ти јуни 2019 во 12,00 часот.
Програмата според која ќе се реализираат обуките е организирана во два модули:
Модул 1: Проектирање и инсталирање на сончеви термални колекторски системи,
на две нивоа—за работници (инсталатери) и инженери (дизајнери)
Модул 2: Проектирање и инсталирање на фотоволтаични системи,
на две нивоа—за работници (инсталатери) и инженери (дизајнери)
Содржината на програмата за обука вклучува детален преглед на актулените познавања во областа која е предмет со конкретната обука, со опфаќање на актуелните материјали и техники за нивно инкорпорирање, основи на проектирањето, правилното инсталирање и одржување на сончеви колекторски и фотоволтаични системи, елементи од теоретски основи на процесите, карактеристики на компонентите и на системите и нивно димензионирање, како и еколошките аспекти, а обезбедува и соодветно запознавање со европските стандарди, техниките за мерење на енергетските заштеди, како и постапки за заштита при работа.
Пријавувањето за обуките се прави најдоцна до 7ми јуни 2019, со пополнување на он-лајн формуларот за регистрирање достапен на линкот: https://bit.ly/2IfBRBF
*Бројот на кандидати кои ќе бидат опфатени со обуките во рамките на проектот е ограничен. Проектниот тим по потреба ќе направи селекција на пријавените кандидати. Секој од пријавените кандидати ќе добие повратен одговор за статусот на пријавата.