Во рамките на Центарот за менаџирање на знаење и вештини е развиена и се имплементира Методологија на процесот на препознавање на претходни знаења и вештини, како алатка за вреднување на неформално и инфромално стекнатите знаења во широк мултидисцилплинарен спектар на професии и занимања.
Методологијата претставува водич низ процесот на валидирање на неформалното и информалното учење и е наменет за: оценувачите, кандидадите и потенцијалните кандидати, работодавците и акредитираните понудувачи на обуки.
Методологијата претставува дополнителен учебен материјал при обуките на сертифицирани оценувачи, со цел запознавање со клучните аспекти на квалитетна оценувачка пракса, вклучувајќи ги принципите на оценување и примената на широк спектар на оценувачки методи. Таа треба да помогне на оценувачите да организираат и спроведат применлив процес на валидирање на знаењата и вештините стекнати во нефорланото и информалното образование и да овозможи поддршка на работодавците и кандидатите, нудејќи добра информираност и запознаеност со целата процедура на валидација.