Инсталатер на сончеви термални колекторски системи

Код на обуката: RES2

Траење: 80 часови

Предуслови:
Tри и четиригодишно средно стручно образование од техничките струки (електричари, механичари, градежни техничари и сл.) или работно искуство и/или обука за водоводџија, електричар, кровопокривач или слично со поседување на соодветни вештини.
Кандидатите треба да бидат постари од 18 години.

Опис:
Програмата според која ќе се реализираат обуките е опфатена во
Модул 1 Проектирање и инсталирање на сончеви термални колекторски системи
ниво 2 за работници,
од општата Програма за обука за проектирање и инсталирање на системи за користење на енергија од ОИЕ.

Содржината на програмата за обука вклучува:

  • вовед во сончеви термални системи
  • видови колектори и типови на системи
  • инсталирање на сончеви термални системи
  • одржување на системи
  • безбедност при работа.