Код на обуката: RES4
Траење: 80 часови
Предуслови:
Tри и четиригодишно средно стручно образование од техничките струки (електричари, механичари, градежни техничари и сл.) или работно искуство и/или обука за водоводџија, електричар, кровопокривач или слично со поседување на соодветни вештини.
Кандидатите треба да бидат постари од 18 години.
Опис:
Програмата според која ќе се реализираат обуките е опфатена во
Модул 2 Проектирање и инсталирање на фотоволтаични системи
ниво 2 за работници,
од општата Програма за обука за проектирање и инсталирање на системи за користење на енергија од ОИЕ.
Содржината на програмата за обука вклучува:
- фотоволтаични основи
- ФВ модули и други компоненти на системи поврзани во мрежа
- системи за монтирање и инсталирање на ФВ на згради
- самостојни фотоволтаични системи
- безбедност при работа.