Код на обуката: ЕЕ1
Траење: 80 часови
Предуслови:
Завршено средно образование (гимназиско или средно стручно образование).
Потребно е кандидатите да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од наведената област со 3 години работно искуство.
Кандидатите треба да бидат постари од 18 години.
Опис:
Програмата за обука ги содржи следните елементи:
- основни концепти на енергетска ефикасност, нејзино значење и легислатива
- можности за енергетски заштеди кај згради, со посебен осврт на електрични инсталации
- технологија и материјали кои овозможуваат постигнување на ЕЕ електрични инсталации
- практична настава за правилно инсталирање на ЕЕ електрични компоненти, според стандардите за квалитет и со почитување на правилата за здравје и безбедност при работа.