Код на обуката: EEC1
Траење: 80 часови
Предуслови:
Завршено средно образование (гимназиско или средно стручно образование).
Кандидатите потребно е да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од наведената област со 3 години работно искуство.
Кандидатите треба да бидат постари од 18 години.
Опис:
Програмата според која ќе се реализираат обуките е:
- вовед во актуелните принципи, стандарди и регулатива за ЕЕ на згради во согласност со националните и политиките на ЕУ
- преглед на материјалите, алатот и опремата за изведба на ЕЕ фасади и соодветна примена
- преглед на технологиите и вештините за изведба, реконструкција, одржување, испитување и дијагностика, контрола на квалитет на ЕЕ фасади
- безбедност и здравје при работа на кров, справување со основните ризици и опасности
- практична обука за правилна изведба на класична фасада, термоизолациски фасаден систем и фасадно цокле со правилна употреба на алатот и опремата и третман на специфичните детали.