БИМ за инженери, архитекти и техничари

Код на обуката: BIM1

Траење: 40 часови

Предуслови:
Општи предуслови се:

  • инженер или студент на техничките факултети;
  • разбирање на главниот концепт за потребата од премин кон користење на БИМ;
  • минимален концепт за функционирање на инженерски фирми.
  • Кандидатите треба да бидат постари од 18 години.

Опис:
Наставниот план на програмата е фокусиран на развој на основни вештини за Информатичко моделирање на градби – БИМ на архитектите и градежните инженери и стратегии за решавање проблеми, со цел намалување на јазот помеѓу проектираната и реалната потрошувачка на енергија кај градбите.

Содржината на обуката вклучува:

  • вовед во теоријата на БИМ (технологија и интероперабилност, улогата на засегнатите страни, информатичката технологија и барањата на системот, БИМ-договори
  • развој на вештини (вовед во моделирање, вршење премер, проектен примерок, раководење со изградбата)
  • енергетски перформанс (теорија на енергетски перформанси, сончеви системи, топлински мостови).