Во рамките на Проектот, примената на Информатичко моделирање на градби БИМ ќе биде иницирана преку промотивни активности на национално ниво. Информатичко моделирање на градби БИМ е во центарот на дигиталната трансформација на градежниот сектор. БИМ не е нов, но тој е глобален тренд што расте. Извештаите предвидуваат дека поширокото усвојување на БИМ до 2025 година ќе овозможи заштеди од 15-25% на глобално ниво само во градењето на инфраструктурни објекти со примена на БИМ. Ова е промената предводена од примена на технологија, која е со најголем потенцијал да има најголемо влијание врз градежниот сектор.
Во име на проектот „Конзорциум на TRAINEE“, поканети сте да учествувате на Првата и Втората работилница за промовирање на Информатичко моделирање на градби БИМ – Иницијатива за да иновации кон одржливо, конкурентно и енергетско ефикасно градење.
Работилниците ќе се одржат на 05 и 06 февруари 2019 година (вторник и среда), во Центарот за трансфер на технологии и иновации ИННОФЕИТ, Ругер Бошковиќ 18, 1000 Скопје, Македонија.