Код на обуката: BIM4
Траење: 15 часови
Предуслови:
За следење на оваа обука нема посебни предуслови. Сепак, пожелно е кандидате да се вклучени во постапките за јавни набавки, изведба, производство или друг дел од целиот процес на градење .
Кандидатите треба да бидат постари од 18 години.
Опис:
Обуката обезбедува запознавање со БИМ-проектирањето на било кој од професионалците вклучени во животниот циклус на градбата: од сопственик до проектант, од изведувач до инсталатер итн. Овие вештини се суштински за оспособување на секој кој е вклучен во вредносниот синџир на грабата, со цел намалување на јазот помеѓу проектираната и реалната енергетска потрошувачка на градбата.
Целта на модулот е да:
- претстави што е БИМ
- даде насоки како да се спроведе;
- ги запознае корисниците со алатките кои се потребни (хардвер, софтвер и системи) и
- да покаже како оваа нова методологија ќе придонесе за трансформирање на начинот на проектирање, изградба и одржување на градби и инфраструктура