Код на обуката: BIM1
Траење: 40 часови
Предуслови:
Општи предуслови се:
- инженер или студент на техничките факултети;
- разбирање на главниот концепт за потребата од премин кон користење на БИМ;
- минимален концепт за функционирање на инженерски фирми.
- Кандидатите треба да бидат постари од 18 години.
Опис:
Наставниот план на програмата е фокусиран на развој на основни вештини за Информатичко моделирање на градби – БИМ на архитектите и градежните инженери и стратегии за решавање проблеми, со цел намалување на јазот помеѓу проектираната и реалната потрошувачка на енергија кај градбите.
Содржината на обуката вклучува:
- вовед во теоријата на БИМ (технологија и интероперабилност, улогата на засегнатите страни, информатичката технологија и барањата на системот, БИМ-договори
- развој на вештини (вовед во моделирање, вршење премер, проектен примерок, раководење со изградбата)
- енергетски перформанс (теорија на енергетски перформанси, сончеви системи, топлински мостови).