Аналитичар за проектирање на системи за користење на енергија од обновливи извори на енергија

Код на обуката: RES5

Траење: 80 часови

Предуслови:
Дипломирани инженери со најмалку 180 ЕКТС
Кандидатите треба да бидат постари од 20 години.

Опис:
Содржината на програмата за обука вклучува детален преглед на актулените познавања за системите за користење на енергија од обновливи извори на енергија, со опфаќање на актуелните материјали и техники за нивно инкорпорирање, основи на проектирањето, планирање на правилно инсталирање и одржување на сончеви колекторски и фотоволтаични системи, елементи од теоретски основи на процесите, карактеристики на компонентите и на системите и нивно димензионирање, како и еколошките аспекти, а обезбедува и соодветно запознавање со европските стандарди, техниките за мерење на енергетските заштеди, како и постапки за заштита при работа.
Како резултат на програмата ќе се јават квалификувани инженери со вештини за проектирање на системи за користење на енергија од обновливи извори на енергија.

Содржината на програмата за обука вклучува 2 одделни модули:

  • Модул 1 – Проектирање на сончеви термални колекторски системи
  • Модул 2 – Проектирање на фотоволтаични системи

Обуката е акредитирана од ЈУ Центар за образование на возрасните на Република Северна Македонија и Министерството за образование и наука.