Код на обуката: RES3
Траење: 80 часови
Предуслови:
-VI ниво на квалификација според НРК (дипломиран инженер од техничките
факултети со најмалку 180 ЕКТС).
Кандидатите треба да бидат постари од 18 години.
Опис:
Програмата според која ќе се реализираат обуките е опфатена во
Модул 2 Проектирање и инсталирање на фотоволтаични системи
ниво 1 за инженери,
од општата Програма за обука за проектирање и инсталирање на системи за користење на енергија од ОИЕ.
Содржината на програмата за обука вклучува:
- основи на фотоволтаични системи
- ФВ модули, компоненти, планирање и димензионирање на фотоволтаичен систем поврзан во мрежа
- користење на софтвер за дизајн, димензионирање и симулација
- системи за монтирање и интеграција на згради
- инсталирање, пуштање во работа и ракување со ФВ системи
- економски аспекти, набавки и законодавство и еколошки проблеми
- безбедност при работа.