Код на обуката: ЕЕ3
Траење: 16 часови
Предуслови:
VII ниво на квалификација според НРК (дипломиран архитект или инженер од техничките струки).
Потребно е кандидатите да поседуваат работно искуство од 3 години во проектирање на згради или работа во јавни институции во областа на енергетска ефикасност.
Кандидатите треба да бидат постари од 18 години.
Опис:
Општа цел на обуката е:
- оспособување на учесниците да следат и применуваат систематски и логичен пристап во проектирањето на ЕЕ објекти преку интегрирање на четирите подрачја/точки во планирањето и градењето на објектот
- знаење и вештини за пресметките за ЕЕ при проектирањето на ЕЕ објекти
- имплементација на законската регулатива за категоризација на објектите според ЕЕ
- подигање на свесноста на клиентите за додадената вредност од проектирање и градба на ЕЕ објекти.