Инсталатер на електрични инсталации со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност

Код на обуката: ЕЕ1
Траење: 80 часови

Предуслови:
Завршено средно образование (гимназиско или средно стручно образование).
Потребно е кандидатите да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од наведената област со 3 години работно искуство.
Кандидатите треба да бидат постари од 18 години.

Опис:
Програмата за обука ги содржи следните елементи:

  • основни концепти на енергетска ефикасност, нејзино значење и легислатива
  • можности за енергетски заштеди кај згради, со посебен осврт на електрични инсталации
  • технологија и материјали кои овозможуваат постигнување на ЕЕ електрични инсталации
  • практична настава за правилно инсталирање на ЕЕ електрични компоненти, според стандардите за квалитет и со почитување на правилата за здравје и безбедност при работа.