Од името на конзорциумот на Проектот ТРАИНЕЕ, Ве покануваме на 5-та работилница за промоција на Информациско моделирање на градби БИМ – Образование за БИМ која ќе се одржи на 3 декември 2019.
Дидактичките методи во градежништвото како впрочем и во сите останати области, следејки ги современите текови се во постојано менување. Развојот на информатичката технологија (ИТ), како Информациското моделирање на градби (БИМ) и современите алатки како што се беспилотна градежна механизација и ласерски скенери, влијаат врз содржината на образованието во градежништвото. Од клучно значење е универзитетите да воведат нови ИТ алатки во образованието кое се однесува на управување во градежништвото, а БИМ е ветувачка алатка токму за оваа намена.
Во моментов, неколку универзитети ширум светот нудат курсеви за БИМ во своите студиски програми, додека многу други се во процес на интегрирање на БИМ во нивните наставни програми. Како и да е, најчестата рута до едукација и сертификација во БИМ вообичаено се обуките понудени од професионални организации и меѓународни провајдери на обуки.
Оваа работилница ги има следниве цели:
-да се фокусира на аспектите на обука и истражување за БИМ;
-колективна промоција на БИМ;
-воспоставување отворен медиум за комуникација за размена на знаење, искуство, студии на случај, ставови, итн .;
-соработка за заеднички активности и истражувачки проекти;
-колективен глас во однос на наставата, учењето и истражувањето, со цел да се влијае врз политиките, приоритетите за финансирање и поставувањето планови;
-минимизирање на дуплирањето и создавање стандардни практики при негување на различен пристап при обуките.
Оваа работилница ќе обезбеди потребни информации и ќе иницира свесност со цел да се предизвика акција во релевантните институции и кај проактивните лица за ставање во фокус на обуките и образование за БИМ.
Работен јазик на работилницата е англискиот јазик.
Ве молиме, вашето учество да го потврдите најдоцна до 2 декември 2019 со пополнување на формуларот за регистрација на: http://trainee-mk.eu