Training

Обуки

market

Проекти и меѓународна соработка

SKILL CONCEPT

Професионален развој

Обуки

  • Креирање на иновативни програми за обука и форми на неформално образование со цел зголемување на бојот на квалификувана работна сила
  • Организирање на обуки
  • Развој на различни форми на обуки: класични предавања во училница, практична настава, учење на работа, интернет обуки, е-учење, учење на далечина и сл.
  • Поддршка на провајдери на обуки во пренесување на развиените програми за обуки и во процесот на акредитација на истите

Професионален развој

  • Запознавање на целната група (вработени лица, небработени лица и работодавачите) со целите и активностите на Центарот за менаџирање на знаење и вештини и нудење на услуги за професионален развој на специјално организирани работилници
  • Промовирање на доживотното учење како концепт за надградување на квалификациите, преку процесот на Препознавање на претходните знаења и вештини
  • Запознавање на провајдерите на обуки со процесот на Препознавање на претходните знаења и вештини преку обуки за примена на развиената Методологија за Препознавање на претходните знаења и вештини
  • Професионално водење и консултантски услуги за поддршка на граѓаните од сите возрасни групи
  • Промовирање на алатки за поддршка на образованието преку ИКТ апликации

Проекти и меѓународна соработка

Активностите на Центарот за менаџирање на знаење и вештини кои го етаблираат како водечки модел што треба да се следи од балканските земји и поширокиот регион вклучуваат:

  • организирање на работилници, семинари, регионални средби и настани, меѓународни конференции и сл.
  • објавување на статии во списанија
  • работа на меѓународни и национални проекти.