Центарот за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на образованието на возрасни, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на неформалното стекнување на знаења и вештини преку програми на територијата на Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот. Центарот за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје е рамноправна членка на Асозијацијата на инженерски здруженија ИНЖЕНЕРСКА ИНСТИТУЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА www.engineer.org.mk.
Визија
Визијата на Центарот за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје е негово етаблирање како платформа во образовниот систем за возрасни што промовира нови или надградени знаења и вештини на квалификуваната работна сила, овозможувајќи континуиран професионален развој со примена на современи и иновативни алатки на учење.
Мисија
Мисијата на Центарот за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје е да остварува образовни програми за возрасни што ќе овозможат надградување на професионалните квалификации на корисници од деловниот и невладиниот сектор, образовните и јавните институции, преку иновативно поврзување на образованието на возрасни со потребите на пазарот на трудот, перспективите за вработување и социјална кохезија, во насока на зголемување на конкурентността на националната економија за одржлив раст и развој.
Стратешки цели
Стратешки цели на Центарот за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје се:
- поврзување на стручното образование на возрасни со потребите на пазарот на трудот,
- надградување на професионалните квалификации на корисниците со зајакнување на нивните перспективи за вработување и конкурентност,
- користење на современи ииновативни алатки за учење и менаџирање на знаењето и вештините за пренесување на новите потреби на пазарот на трудот,
- спроведување на мултидисциплинарен пристап во менаџирањето на знењето и вештините за континуиран раст на конкурентноста на националната економија,
- етаблирање на систем за препознавање на претходното знаење и вештини за стекнување на квалификации од повисоко ниво,
- препознавање на вештините на корисниците преку нивно поврзување со Националната рамка на квалификации и прифаќање од страна на пазарот на трудот,
- поттикнување на побарувачката за квалификувана работна сила и зголемување на нејзината пазарна вредност.
Логото „КS” е составено од двете почетни букви на англиските зборови „Knowledge” што значи знаење и „skills” што значи вештини.
Главната идеја на дизајнот на логото е да се истакнат овие два збора како главни чинители на центарот за менаџирање на знаење и вештини. Истовремено се става и акцент за да се долови и целта за постoењето на центарот за менаџирање на знаење и вештини.
Логото е составено од две нијанси на сина боја, која според психологијата на боите во дизајнот тие ја симболизираат довербата, лојалноста и мудроста кои се карактеристики на центарот за менаџирање на знаење и вештини.
Најчесто темно сината боја е поврзана со длабочината, експертизата и стабилноста, кои треба да се постигнат, а светло сината боја е поврзана со свеста, интелектот и успехот кои се препознатлив знак на овој центар.
Острите форми и чистите линии на логото даваат стабилност и сигурност со цел да побудат интерес кај набљудувачот.
Елементите кои го сочинуваат логото се меѓусебно поврзани и по боја и по форма во една целина и имаат за цел да предизвикаат препознавање од страна на набљудувачот и да го привлечат неговото внимание.
Собранието е највисок орган на Центарот за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје. Собранието на Центарот за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје го сочинуваат сите полнолетни членови на здружението. Собранието донесува одлуки со мнозинство гласови од членовите на Собранието. Собранието избира Претседател со мандат од четири години со право на повторен избор.
Органи на Центарот за менаџирање на знаење и вештини се:
- Претседател,
- Генерален секретар,
- Управен одбор,
- Надзорен одбор.
проф. д-р Христина Спасевска
Претседател
Факултет за електротехника и информациски технологии, УКИМ, Скопје
проф. д-р Лихнида Стојановска-Георгиевска
Генерален секретар
Факултет за електротехника и информациски технологии, УКИМ, Скопје