contact@ks.org.mk

Инженер со вештини за проектирање на фотоволтаични системи

Код на обуката: RES3

Траење: 80 часови

Предуслови:

-VI ниво на квалификација според НРК (дипломиран инженер од техничките
факултети со најмалку 180 ЕКТС).
Кандидатите треба да бидат постари од 18 години.

Опис:

Програмата според која ќе се реализираат обуките е опфатена во
Модул 2 Проектирање и инсталирање на фотоволтаични системи
ниво 1 за инженери,
од општата Програма за обука за проектирање и инсталирање на системи за користење на енергија од ОИЕ.

Содржината на програмата за обука вклучува:

  • основи на фотоволтаични системи
  • ФВ модули, компоненти, планирање и димензионирање на фотоволтаичен систем поврзан во мрежа
  • користење на софтвер за дизајн, димензионирање и симулација
  • системи за монтирање и интеграција на згради
  • инсталирање, пуштање во работа и ракување со ФВ системи
  • економски аспекти, набавки и законодавство и еколошки проблеми
  • безбедност при работа.