contact@ks.org.mk

Мисија и Визија

  1. Мисијата на Центарот за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје е да остварува образовни програми за возрасни што ќе овозможат надградување на професионалните квалификации на корисници од деловниот и невладиниот сектор, образовните и јавните институции, преку иновативно поврзување на образованието на возрасни со потребите на пазарот на трудот, перспективите за вработување и социјална кохезија, во насока на зголемување на конкурентността на националната економија за одржлив раст и развој.
  2. Визијата на Центарот за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје е негово етаблирање како платформа во образовниот систем за возрасни што промовира нови или надградени знаења и вештини на квалификуваната работна сила, овозможувајќи континуиран професионален развој со примена на современи и иновативни алатки на учење.