contact@ks.org.mk

Покривач на покриви со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност

Код на обуката: EEC2

Траење: 80 часови

Предуслови:

Завршено средно образование (гимназиско или средно стручно образование).
Кандидатите потребно е да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од наведената област со 3 години работно искуство.
Кандидатите треба да бидат постари од 18 години.

Опис:

Програмата според која ќе се реализираат обуките е:

  • вовед во актуелните принципи, стандарди и регулатива за ЕЕ на згради во согласност со националните и политиките на ЕУ
  • преглед на материјалите, алатот и опремата за изведба на ЕЕ покриви и соодветна примена
  • преглед на технологиите и вештините за изведба, реконструкција, одржување, испитување и дијагностика, контрола на квалитет на ЕЕ покриви
  • безбедност и здравјето при работа на покрив, справување со основните ризици и опасности
  • практична обука за правилна изведба ЕЕ покривна конструкција: планирање, редослед на компонентите, правилна употреба на алатот и опремата и третман на специфичните детали.