contact@ks.org.mk

Инсталатер за греење, ладење и вентилација со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност

Код на обуката: ЕЕ2

Траење: 80 часови

Предуслови:

Завршено средно образование (гимназиско или средно стручно образование).
Потребно е кандидатите да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од наведената област со 3 години работно искуство.
Кандидатите треба да бидат постари од 18 години.

Опис:

Програмата за обука ги содржи следните елементи:

  • енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во високоградбата
  • преглед на опремата, материјалите и системите за греење, ладење и вентилација
  • практична настава за монтирање на опрема и системи за греење, ладење и вентилација
  • практична настава за експлоатација и одржување на опрема и системи за греење, ладење и вентилација
  • практична настава за подно, ѕидно и таванско греење и авадукт системи.