contact@ks.org.mk

Учество на ЕАСМЕ настан Дигитални вештини во градежништвото, Барселона, Шпанија

Учество на ЕАСМЕ настан Дигитални вештини во градежништвото, Барселона, Шпанија

Врската помеѓу дигиталните вештини и енергетските перформанси на зградите е особено важна. Од една страна, европскиот градежен сектор треба да дејствува во насока на декарнонизација на за да ЕУ ги исполни своите климатски цели. Од друга страна, треба да ги искористи новите дигитални технологии кои брзо го менуваат начинот на кој се проектираат и градат зградите. Недостатокот на работна сила обучена за дигитални вештини останува една од најголемите пречки за да Европа ги постигне своите амбициозни цели за енергетски перформанси за зградите. Потребна е „когнитивна револуција“ за да им се овозможи на сите вклучени во градежниот процес ажурирани знаења и потребна компетентност. Понекогаш, има над 50% разлика помеѓу проектираната и реалната енергетска изведба на зградата. Обуката на стручни лица за градење кои ќе обезбедат подобар квалитет и покорисна интеракција помеѓу сите вклучени во процесот на градење, е неопходна за да се постигне намалување на овој „јаз во перформансите“. Иако се вели дека дигиталните технологии, како што се беспилотни летала, 3Д печатење, вештачка интелигенција, информатичко моделирање на градби (БИМ) или Интернет на нештата, предизвикуваат револуција во севкупното живеење, градежниот сектор останува една од најмалку напредните во однос на употребата на дигитални технологии.
Користењето на овие нови дигитални алатки ќе бара од оние кои дизајнираат, градат и раководат со згради да го променат својот начин на организирање и функционирање. На работниците им требаат современи вештини за да можат да проектираат и да градат побрзо, поевтино и со повисок квалитет и енергетски перформанси.

Со цел да придонесе во развојот на нови програми за обука во областа на дигиталните вештини во градежниот сектор, тим од Центарот за менаџирање на знаење и вештини учествуваше на работилницата организирана од ЕАСМЕ за Дигитални вештини во градежништвото одржана на 16 мај 2019 во Барселона, Шпанија.

Дата

16 Мај 2019
Категорија