contact@ks.org.mk

Оглас за обука – “Проектирање на системи за користење на енергија од ОИЕ – Фотоволтаични системи”

Оглас за обука – “Проектирање на системи за користење на енергија од ОИЕ – Фотоволтаични системи”

Опис на програмата Детален преглед на актулените познавања за системите за користење на енергија од обновливи извори на енергија, со опфаќање на актуелните материјали и техники за нивно инкорпорирање, основи на проектирањето, планирање на правилно инсталирање и одржување на фотоволтаични системи, елементи од теоретски основи на процесите, карактеристики на компонентите и на системите и нивно димензионирање, како и еколошките аспекти, а обезбедува и соодветно запознавање со европските стандарди, техниките за мерење на енергетските  заштеди, како и постапки за заштита при работа.

Резултат на програмата се квалификувани инженери со вештини за проектирање на системи за користење на енергија од обновливи извори на енергија – Фотоволтаични системи.

Максимален број на учесници по група 10
Вкупно слободни места 80
Број на часови 80 наставни часови
Начин на изведување на обуката Онлајн и практична настава во опремена лабораторија со нагледни средства, како и посета на фирми кои работат во областа
Предуслови за следење на обуката Дипломирани инженери со најмалку 180 ЕКТС

 

Сертификат Државен сертификат за Аналитичар за проектирање на системи за користење на енергија од обновливи извори на енергија – Фотоволтаични системи

издаден од Центарот за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје, кој е акредитиран понудувач на обуката од Министрството за образование и наука на РСМ

Начин на пријавување Пополнување на форма за аплицирање на https://forms.gle/si7a4LkRNdPumJDn8
Рок за аплицирање 15 март 2022
Вкупен износ на обуката 24.000 денари
Начин на плаќање Плаќањето може да се направи на еден од следните начини:

-во готово (со 15% попуст)

-на 2 еднакви рати (при пријавување и до завршување на обуката)

Уплатата се прави на с-ка на

Центар за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје

Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје

Број на сметка: 300 0000043424 35

Во цената на обуката е вклучено – Електронски учебни материјали
– Издавање на сертификат
Контакт contact@ks.org.mk

075 425 248

Дата

01 Окт 2021 - 15 Мар 2022
Категорија