contact@ks.org.mk

Иницирање на Информатичко моделирање на градби – БИМ на национално ниво, прв чекор кон дигитализација на градежната индустрија

Иницирање на Информатичко моделирање на градби – БИМ на национално ниво, прв чекор кон дигитализација на градежната индустрија

Со цел да се премине кон конкурентен енергетски систем, ЕУ се обидува да одговори на голем број предизвици. Активностите се во насока да го поддржат преминот кон сигурен, одржлив и конкурентен енергетски систем. Како дел од програмата за Енергетска ефикасност, во рамките на Европската програма „Хоризонт 2020“ се спроведува проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – ТРАИНЕЕ“, како иницијатива за градење на капацитети и подобрување на вештините на градежните професионалци – архитекти, инженери и работници во градежниот сектор со цел да ја подготват нашата земја во областа на квалификациите и натамошен развој на квалификации на градежните работници.

Следејќи ги постапките на владите во ЕУ во процесите на јавните набавки низ цела Европа а и низ целиот свет, кои ја препознаваат вредноста на БИМ како стратешка алатка за менаџирање со трошоците, квалитетот и цената на чинење на еден објект, проектот ТРАИНЕЕ организира широка акција за воведување и промовирање на примената на Информатичко моделирање на градбите како едно од барањата на новите правила за јавни набавки на Европската комисија во областа на градежништвото, преку иницирање сеопфатна акција за подигање на свеста на сите засегнати страни во градежниот сектор (градежни компании, инженери, архитекти, работници) и на инвеститорите и релевантни владини институции, како и крајните корисници на објектите, преку низа активности, работилници, семинари и други промотивни настани. Целта е да се прикажат заштедите на енергија кои се резултат на спроведување на мерки за енергетска ефикасност и да се измери јазот во проектираните и реалните енергетски перформанси на градбата, преку примена на БИМ-алатките.

Во име на проектот „Конзорциум на TRAINEE“, поканети сте да учествувате на 1-ви и втора работилница за промовирање на моделирање на информации за згради БИМ – Иницијатива за да донесете иновации за одржлива, конкурентна и енергетска ефикасна градба.

Работилниците ќе се одржат на 05 и 06 февруари 2019 година (вторник и среда), во Центарот за трансфер на технологии и иновации ИННОФЕИТ, Ругер Бошковиќ 18, 1000 Скопје, Македонија.

Дата

05 Фев 2019 - 06 Фев 2019
Категорија