contact@ks.org.mk

БИМ алатка во насока на дигитализација на градежната индустрија – ТРАИНЕЕ проект

БИМ алатка во насока на дигитализација на градежната индустрија – ТРАИНЕЕ проект

БИМ, кратенка од Building Information Modelling – Моделирање на информациите за зграда-објект, претставува дигитална алатка која го менува начинот на кој досега функционираше градежната индустрија, воведувајќи нови, ефикасни решенија како платформа за интегриран дизајн, проектирање, планирање на материјали, градба и соработка. Обезбедува дигитално презентирање на карактеристиките на зградата- објектот за целиот животен циклус и поради тоа нуди ветување за големи придобивки за ефикасност. Целта на Проектот „ТРАИНЕЕ“ е да се обучат кадри и да се пренесат информациите за значењето на БИМ технологијата . Проектот е координиран од страна на Стопанската комора на Македонија во соработка со партнерите Здружението за бизнис и консултанти „Креација“, Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Јавната установа Центар за образование на возрасните – Скопје (ЦОВ), Инженерската институција на Македонија (ИИМ) и Академијата БИМ од Шпанија.

Повеќе информации можете да прочитате тука.

Дата

20 Ное 2019
Категорија