contact@ks.org.mk

Модул на активност: Пазарна вредност на квалификациите

Формалното образование и системите за обука не се единствените начини на кои луѓето развиваат вештини. Во многу случаи, ова се случува преку неформално или информално учење или луѓето ги стекнуваат вештините надвор од земјата во која работат. Работодавците не можат лесно да ги препознаат стекнатите вештини на овој начин, а поединците кои имаат такви непотврдени вештини се во неповолна положба кога бараат работа, во својот кариерен развој или за да добијат зголемување на платата. Фактот дека овие вештини се невидливи ја зголемува веројатноста за недоволно искористување на вештините и несогласување на работните задачи со способностите на вработениот и придонесува за поголема невработеност, сиромаштија и нееднаквост.

Со цел да се дејствува како акцелератор во зголемувањето на вредноста на вештините и знаењата на Центарот К & С работи на:

  • Создавање база на податоци / Регистар на сертифицирани обучувачи и сертифицирани работници и нивно вклучување во активностите на Центарот, преку нивно претставување до провајдерите на обука и како квалификувана работна сила
  • Објавување на Каталог на обуки
  • Организирање на работни состаноци со Националната квалификациска платформа за дефинирање на најдобри пристапи за успешно препознавање на вештините од пазарот на труд
  • Промотивни настани за презентирање на наодите од студии на случај за спроведување на иновативни пристапи
  • Меморандуми за препознавање и соработка со релевантни актери на пазарот