contact@ks.org.mk

Препознавање на претходни знаења и вештини

Луѓето секојдневно се здобиваат со знаења, а тоа се случува секогаш и секаде. Секое здобиено искуство води до нова вештина, знаење и/или компетенција. Иако учењето вообичаено се одвива преку формалното образование, што секогаш е организирано, планирано и со јасно дефинирни цели, голем дел од знаењето се стекнува преку неформалното или пак информалното образование. Информалното знаење честопати се поистоветува и со стекнатото искуство од секојдневниот живот.

За лицата, пред се возрасните, кои се надвор од формалниот образовен систем или системот на неформални обуки, знаењата и вештините стекнати дома, на работното место или пак од секојдневното искуство, се многу поважни, порелевантни и позначителни понекогаш дури и од знаењето стекнато во формалното образование.

Во земјите на Европската Унија ЕУ но и глобално се повеќе расте свесноста дека информалното знаење претставува богат извор на човекови вредности, т.е. капитал кој треба да се вреднува. Затоа, препознавањето и валидирањето на РЕЗУЛТАТИТЕ од неформалното и информалното учење, ги прави човековите знаења, способности и компетенции повидливи, а оттаму и повредни.

Во рамките на Центарот за менаџирање на знаење и вештини е развиена и се имплементира Методологија на процесот на препознавање на претходни знаења и вештини, како алатка за вреднување на неформално и инфромално стекнатите знаења во широк мултидисцилплинарен спектар на професии и занимања.

Специфичните цели на процесот на препознавање и валидирање на неформалното и информалното учење се:

  • вреднување на неформалното учење стекнато на работното место или преку соодветни обуки, програми и курсеви, преку поврзување (споредување) со резултатите од учењето со компетенциите за одредено занимање дефинирани во Националната рамка на квалификации и стандардот на занимање;
  • создавање на врска меѓу неформалниот процес на учење во кој индивидуите се веќе вклучени и формалното образование;
  • воспоставување корелација меѓу личниот и професионалниот развој на ученикот и создавање јасна врска помеѓу знаењето што е веќе постигнато и идните можности за учење;
  • идентификување знаења и вештини, што се заеднички за различни видови и степени на учење и за различни работни средини и обезбедување нивна преносливост.

Процесот на валидирање на неформалното и информалното учење има значаен придонес за кандидатите, за работодавците и испорачувачите на обуки (learning providers), за економијата и за општеството во целина. Позитивните ефекти за секоја од наброените страни се наведени во продолжение.

Кандидати

Процесот на препознавање и валидирање на претходни знаења и вештини стекнати преку неформалното и информалното учење придонесува пред сè за личен развој на кандидатите, бидејќи тој претставува:

  • поддршка на саморефлексијата и самопризнание на сопствените достигну-вања и со тоа ги зголемува самодовербата и самопочитта на кандидатот;
  • официјално признавање на достигнувањата на поединците и со тоа овозможува тие да го продолжат формалното учење и обука, или пак да имаат подобри можности за избор и напредување во кариерата.

 

Работодавци

Процесот на препознавање и валидирање на претходни знаења и вештини стекнати преку неформалното и информалното учење е бенефит и за работодавците и за професионалните тела, бидејќи:

  • го поедноставува изборот на стручен работен кадар;
  • помага да се идентификуваат недостатоците на вештини и да се најде ефикасно решение;
  • помага во планирање на развој на вработените;
  • обезбедува постојано следење на технолошките промени;
  • обезбедува работен кадар кој е добро обучен и квалификуван, а и повеќе посветен на работата.

Во рамките на Центарот за менаџирање на знаење и вештини е развиена и се имплементира Методологија на процесот на препознавање на претходни знаења и вештини, како алатка за вреднување на неформално и инфромално стекнатите знаења во широк мултидисцилплинарен спектар на професии и занимања.

Методологијата претставува водич низ процесот на валидирање на неформалното и информалното учење и е наменет за: оценувачите, кандидадите и потенцијалните кандидати, работодавците и акредитираните понудувачи на обуки.

Методологијата претставува дополнителен учебен материјал при обуките на сертифицирани оценувачи, со цел запознавање со клучните аспекти на квалитетна оценувачка пракса, вклучувајќи ги принципите на оценување и примената на широк спектар на оценувачки методи. Таа треба да помогне на оценувачите да организираат и спроведат применлив процес на валидирање на знаењата и вештините стекнати во нефорланото и информалното образование и да овозможи поддршка на работодавците и кандидатите, нудејќи добра информираност и запознаеност со целата процедура на валидација.

Сеуште не отворен повикот за аплицирање.