contact@ks.org.mk

Дипломиран инженер архитект со вештини за примена на мерки за енергетска ефикасност при проектирање на градби

Код на обуката: ЕЕ3

Траење: 16 часови

Предуслови:

VII ниво на квалификација според НРК (дипломиран архитект или инженер од техничките струки).
Потребно е кандидатите да поседуваат работно искуство од 3 години во проектирање на згради или работа во јавни институции во областа на енергетска ефикасност.
Кандидатите треба да бидат постари од 18 години.

Опис:

Општа цел на обуката е:

  • оспособување на учесниците да следат и применуваат систематски и логичен пристап во проектирањето на ЕЕ објекти преку интегрирање на четирите подрачја/точки во планирањето и градењето на објектот
  • знаење и вештини за пресметките за ЕЕ при проектирањето на ЕЕ објекти
  • имплементација на законската регулатива за категоризација на објектите според ЕЕ
  • подигање на свесноста на клиентите за додадената вредност од проектирање и градба на ЕЕ објекти.