contact@ks.org.mk

БИМ за индустрија и произведувачи („on-line“ обука)

Код на обуката: BIM4

Траење: 15 часови

Предуслови:

За следење на оваа обука нема посебни предуслови. Сепак, пожелно е кандидате да се вклучени во постапките за јавни набавки, изведба, производство или друг дел од целиот процес на градење .
Кандидатите треба да бидат постари од 18 години.

Опис:

Обуката обезбедува запознавање со БИМ-проектирањето на било кој од професионалците вклучени во животниот циклус на градбата: од сопственик до проектант, од изведувач до инсталатер итн. Овие вештини се суштински за оспособување на секој кој е вклучен во вредносниот синџир на грабата, со цел намалување на јазот помеѓу проектираната и реалната енергетска потрошувачка на градбата.

Целта на модулот е да:

  • претстави што е БИМ
  • даде насоки како да се спроведе;
  • ги запознае корисниците со алатките кои се потребни (хардвер, софтвер и системи) и
  • да покаже како оваа нова методологија ќе придонесе за трансформирање на начинот на проектирање, изградба и одржување на градби и инфраструктура