contact@ks.org.mk

БИМ за градежници и инвеститори

Код на обуката: BIM3

Траење: 40 часови

Предуслови:

Општи предуслови се:

  • факултетско образование во областа на инженерството;
  • разбирање на потребата за дигитализација на процесите на управување;
  • разбирање на потребата и концептот на трансфер во БИМ;
  • разбирање на концептот на функционирање на инженерски фирми.
    Кандидатите треба да бидат постари од 18 години.

Опис:

Визијата на овој модул е автоматизиран проект и средина за раководење со објектот којашто е интегрирана низ сите фази на животниот циклус на објектот. Таква интегрирана средина може да им овозможи на сите проектни партнери и проектни функции меѓусебно да ги поврзат – инстантно и безбедно – сите операции и системи. Ова драстично ќе го скрати времето и трошокот на планирање, проектирање и изградба.

Целта на оваа програма за обука е:

  • да се разбере информатичкото моделирање на градби (БИМ) како метода за заедничка работа
  • способност да се приберат и споделат информации коишто се од важност за животниот циклус на градбата
  • овозможување транспарентна комуникација и пренос на информации помеѓу сите актери вклучени во процесот.